Петар Печков
Објавено: недела, 07 ноември 2010
За 80-тина минути скопјани дојдоа до трите бода во салата Гемиџии во Велес. 21:25, 23:25 и 19:25 е резултатот по сетови.
Натпреварот најавуван како дерби на есенскиот дел од првенството лесно го добија вардарци и наметнаа прашање за квалитетот на велешката екипа, која до доаѓањето на четворица репреџентативци се промовираше во како главен кандидат за првото место. Но очигледно ова дерби покажа дека има и подобри од Борец Брако.
Tweet |